Осуммина величествени Македонци денеска го добија заслуженото признание за својата работа во науката и за успесите направени индивидуално и како претставници на најстариот универзитет.
Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој, во знак на признание за посебен придонес за развој на научноистражувачката дејност и интернационализацијата и афирмацијата на Универзитетот, за исклучително достигнување во кариерата и објавени повеќе од 100 научни трудови афилирани на Универзитетот и индексирани во базата Web of Science, додели Плакета на Универзитетот на осуммина професори, како и Награда за најдобрите научници и уметник кои постигнале врвни резултати во текот на изминатата година, во одделни научноистражувачки подрачја.

Еден од најмладите лауреати (на сликата) е професорот Петре Макрески.
Плакетите беа доделени на академик проф. д-р Валентин Мирчески, редовен професор на Природно-математичкиот факултет, академик проф. д-р Сашко Кедев, редовен професор на Медицинскиот факултет, проф. д-р Владимир Трајковиќ, редовен професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, проф. д-р Љупчо Пејов, редовен професор на Природно-математичкиот факултет, проф. д-р Ефтим Здравевски, вонреден професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, проф. д-р Христијан Ѓорески, вонреден професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии, проф. д-р Петре Макрески, редовен професор на Природно-математичкиот факултет, и проф. д-р Златко Левков, редовен професор на Природно-математичкиот факултет.
Во посебен контекст, Плакетата на проф. д-р Мирчески, опфаќа и второ остварување, за исклучително достигнување во кариерата и меѓународно признаена извонредност преку застапеност во листата на Stanford University World’s Top 2% Scientists за целокупната кариера.
✨Со одбележувањето на овој ден се истакнува значењето на зајакнувањето на јавната свест за улогата на науката за одржлив развој на општество, како и важноста да се насочи вниманието кон предизвиците со кои се соочува научноистражувачката работа и подигнувањето на поддршката на научните истражувања.

УКИМ на следниот линк ги објавува сите слики од денешниот настан:






