Осумдесетина бегалци од Солун на марш до границата со Македонија

Десетици баратели на азил се собираат во Солун по повикот преку социјалните мрежи на марш до границата на Грција со Македонија во знак на протест што не им се дозволува да заминат кон други европски држави.



Околу 80 луѓе, повеќето од Ирак и од Сирија, меѓу нив и многу семејства со деца, дојдоа денеска на плоштадот во центарот на Солун за закажаниот марш до границата. Некои од нив допатуваа во текот на ноќта од Атина и од други градови.

Десетици илјади бегалци во моментов се заглавени во Грција, спречени да го продолжат својот пат кон посакуваните дестинации во Европа откако државите ги затворија границите за мигранти и за бегалци во почетокот на минатата година.