„Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети ќе тргне на турнеја низ дијаспората за ноемвриските празници. ДУИ ја објави оваа вест преку фејсбук.“ – пренесува ТВ Шења.
ДУИ го најавува „Лидерот“: „Тој доаѓа…. Почитувани сонародници, дојде време! Основачот на УЧК и Албанскиот Лидер Али Ахмети доаѓа во дијаспората, на 23 ноември 2024 година во 18 часот во Цирих, во Швајцарија!“
Според една статија на порталот на албански јазик „Епока е ре“, објавена на 24 февруари 2020 година, Али Ахмети живеел во Швајцарија во текот на 90-тите години на минатиот век. „Ахмети живееше во Луцерн, во Швајцарија. До пред да ја почне УЧК војната во Македонија тој живееше и честопати патуваше во Луцерн“. – има напишано тогаш „Епока е ре“.
Така што, прашањето е: дали оваа „убедителна турнеја“ на „Албанскиот Лидер“ Али Ахмети е негово доаѓање, или враќање во Швајцарија?! Па потоа пак назад во Македонија!





