Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчера остварил средба со четири амбасадори, меѓу кои и со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.



„Денеска се сретнав со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и Холандија.

Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес со самоволни одлуки на ДИК, со намера да се украде изборната волја со правење политички инженеринг и со отповикувачки одлуки.

Ја изразив и неопходноста од почитување на договорот од Охрид, Преспа и за европската иднина на државата“, стои во објавата на Османи.