Османи протолкува: „Македонија повторно твоја” бил шовинистички слоган

Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање на прес – конференцијата по повод одбележувањето на Денот на МНР – 29 Април и 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба во врска со изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека ДУИ заминува во опозиција, вели дека албанците биле омаловажени.



Овој обид за омаловажување на секој Албанец, но и на граѓаните од заедниците кои низ годините ја имале истата судбина со Албанците, го мобилизираше народот. Посебно гласачите на опозицијата. Веќе не е прашање на избори помеѓу ‘Европскиот фронт‘ и помеѓу ‘Вреди‘. Имаме ситуација на мобилизација против обидот на рушење на достоинството на народите во оваа држава, зборувајќи за идна влада уште пред да се изјасни народот на 8 мај. Тоа ќе создаде една нова ситуација на 8 мај. Ваква мобилизација немам видено подолго време во политиката. Жалам што ова сега го зборувам кога имам прес-конференција во Министерството за надворешни работи каде сме собрани поради убав повод, 55 години МНР, но добив новинарско прашање и морав да одговорам“, рече Османи.

Според него, слоганите кои биле користени од страна на опозицијата не само што го извадиле народот на улица туку, како што рече, ги извадиле и политичарите од нивните кожи.

-Да повикате државата да биде ‘повторно твоја‘ алудирајќи на фактот дека ако има министер за надворешни работи – Албанец, државата не е нивна, туку била на Албанците, е најсрамниот и најшовинистички повик кој може да се претстави во една мултиетничка држава. Каде ќе ја носиме државата ако така мислиме, дека затоа што има премиер Албанец, државата била на Албанците, а сега на избори ќе треба да ја вратиме на Македонците. Национализмот раѓа национализам. Тоа е еден круг од кој мислев дека се извлековме. Овие сите успеаја повторно да го вратат тоа чувство кај Албанците и останатите“,рече Османи.