Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, предложи уставните измени да се спроведат преку утврдување клаузула во законот за спроведување на Уставот.
Поточно, доколку Бугарија во следните 5 години продолжи да ја опструира Македонија со други прашања за патот до ЕУ, тогаш Собранието има право да ги суспендира уставните измени.
„Мораме да ги спроведеме уставните измени“ вели поранешниот министер за надворешни:
Еве јас одам еден чекор понапред, ако денеска ги направиме уставните измени, можеме слободно да ставиме клаузула во Законот за спроведување на Уставот, во која се вели дека доколку во рок од 5 години Бугарија продолжи да ја опструира *Македонија за прашања кои немаат направи со ЕУ, Собранието има право да ги суспендира уставните измени, но да стапи на сила сега“, рече Османи во „Дејли клик“ на ТВ21






