Министерот за надворешни работи Бујар Османи не демантира дека на заминување од позицијата нашол дипломатска позиција за
ТВ водителката Бесмира Ејупи која пред две години беше дел од скандал со вработување.
Ејупи која тогаш не доби конзулска позиција во Америка не стана сега добила дипломатска мисија со потпис на Османи, тврдат извори во МНР за expres.mk.
Османи се уште не ја демантира ниту ја потврдува оваа вест.
Министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи вчера потпишал решенија за праќање дипломати на испомош во македонски дипломатски конзуларни претставништва низ светот.
На списокот е и ТВ водителката новинарката Бесмира што тој во 2022 сакаше да ја прати за Генерален конзул во Њујорк но се повлече под притисок од јавноста.
Според извори во МНР Османи потпишал Ејупи да оди една година на испомош во конзулатот во Бон, Германија.
Под притисок од медиумите Османи во септември 2022 година призна дека Ејупи била префрлена во МНР од Министерството за политички систем кое го водеше Артан Груби.
Тој тогаш рече дека Ејупи била вработена затоа што имало потреба од педесетина нови вработувања заради пензионирање на дел од персоналот.
Прашањето за Бесмира Ејупи стана актуелно откако почнаа да кружат информации дека се размислува за нејзино назначување за конзул во Њујорк и во друг случај кога истовремено била ангажирана и земала плата од Државното правобранителство и неколку општини, а за целиот едногодишен ангажман добила околу 12 илјади евра, објави тогаш ТВ21.






