Османи го искара Курти: Изјавата за албанскиот јазик е „скандалозна“

Изјавата на косовскиот премиер Албин Курти за албанскиот јазик во Македонија, е „скандалозна“ и „штетна“, изјави потпретседателот на ДУИ и екс-министер за надворешни, Бујар Османи.



Курти ја демантира ДУИ: Албанскиот јазик не е под закана во Македонија

Османи ја осуди изјавата и рече дека Курти ја поткопува точката од Охридскиот договор која регулира употреба на албанскиот јазик во Македонија, која е постигната преку измена на Уставот во 2001 година, пренесе Телма

Османи ја поврза изјавата на Курти со антиалбанската политика што, како што тврди, доминира во Македонија, и предупреди дека ова ја поткопува функционалноста на мултиетничката демократија во земјата.