Кандидатот за шеф на државата, Бујар Османи, преку социјалните мрежи упати покана до противкандидатите во претседателската трка на заеднички ифтар, вечерва откако ДИК денеска ќе ги потврди претседателските кандидатури.
Но, меѓу поканетите во објавата споделена на Фејсбук, не е името на кандидатката на Левица, Билјана Ванковска и градоначалникот и кандидат за претседател Стевчо Јакимовски, кој од пред два дена се најде на американската „црна листа“.






