Пред средбата со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас во Атина, македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи за грчките медиуми вели дека решение на името е врвен приоритет на Македонија.
Во интервјуто за весникот Катимерини Османи вели дека решение за името ќе го поплочи патот на Скопје кон ЕУ и НАТО.
Со тоа ќе се создаде безбедна средина за економски раст и инвестиции вели Османи според кого влезот во ЕУ е се за Македонија.
Македонскиот вицепремиер предупредува дека ако Македонија не влезе наскоро во НАТО и не започне процедура за влез во ЕУ тогаш последиците за земјата и регионот ќе бидат „трагични“.
Османи за Катимерини ја споредува Македонија со велосипед кој што паѓа кога ќе запре а тоа на земјата и се случило со замрзнување на преговорите со Грција која ги блокирала македонските напори за влез во ЕУ што резултирало со „длабока политичка и институционална криза“.
Според Катимерини, и Атина и Скопје започнале со интензивни напори за решавање на спорот на името со цел Македонија да добие зелено светло за влезе во НАТО и да почнат преговори за влез во ЕУ а тоа би се случило на самитот на ЕУ во јуни и самитот на НАТО во јули.





