Култната сараевска претстава „Аудиција“ подготвува турнеја со речиси оригиналната постава. Претставата прв пат беше изведена на крајот на 1984 година и тоа на Академијата за сценски уметности во Сараево. На иницијатива на продуцент Аднан Мунџиќ трупата извонредни актери ќе ги посети сите земји од поранешна Југославија, поголем дел од европските, а ќе настапи во и Канада, САД и Австралија.
Турнејата вели Мунџиќ е наречена “033” што е синоним за годините од првата изведба на претставата, а е и повикувачки број за Сараево каде на 5 октомври и ќе се започне со настапи.
Адмир Гламочак, Сенад Башиќ, Емир Хаџихафизбеговиќ, Саша Петровиќ, Младен Нелевич, Јасмин Гељо и Жељко Нинчиќ се дел од екипата на актери која ќе се состави по подолго време.
„ Со задоволство се сеќавам на 1988 година. Продадовме и одигравме 33 претстваи за еден месец. Ги замениле денот и ноќта, ноќе игравме, денски се одморавме”, се сеќава Емир Хаџихафизбеговиќ.




