„Ха-ха-ха-ха-ха… Уште не можам да се сопрам од смеење на веста дека Чедомир Саздовски станал член на Централниот одбор на СДСМ… Ха-ха-ха-ха-ха… Ајде што мислам дека е некоректно кон Либерално-демократската партија што и Жерновски станал член на ЦО на СДСМ, но ова со Саздовски е врв на непристојноста што само СДСМ може да ја приреди!“ – пишува политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во својата денешна колумна во која се подбива со синоќешната одлука на владејачката партија во Централниот одбор на СДСМ да влезат споменатите.



Во продолжение Ордановски пишува дека „… членовите на ЦО биле информирани од својот претседател (иако, не разбрав дали тоа било „меѓу редови“ или директно?!) дека и со Ѕинго се преговара за влез во коалицијата на власт!

На крајот од денешната колумна Ордановски порачува: „Ајде, дечки, фајронт, испијте што имате, гасите цигари, затвораме кафеана, разлаз! Ја испивме цела Македонија, до последна капка!“.

Целиот текст на колумната насловена „Топ-шоп политика!“