Орбан: „Што по ѓаволите се случува во Германија“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изрази поддршка за копретседателката на германската партија Алтернатива за Германија (AfD), Алис Вајдел, по одлуката на Федералната канцеларија за заштита на Уставот да ја означи втората политичка сила како десничарска екстремистичка организација, јавуваат медиуми.



„Што по ѓаволите се случува во Германија? Можете да сметате на нас“, напиша премиерот на “X“.

Германската домашна разузнавачка агенција во петокот ја класифицираше крајно десничарската AfD како екстремистичка организација што ја загрозува демократијата.

Ова овозможува формацијата да биде ставена под надзор.

Некои фракции на Алтернатива за Германија, како што е нејзиното подмладено крило, веќе беа класифицирани како екстремистички, додека партијата како целина беше класифицирана како сомнителна екстремистичка организација во 2021 година.

Статутот ќе им го олесни на властите користењето тајни методи на надзор врз партијата, како што се регрутирање доверливи информатори и пресретнување на комуникациите.

Ова не е прв пат Орбан да изрази поддршка за АфД.

За „екстремичарска“ ја прогласија втората најсилна партија во Германија