Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија.
За време на посетата на унгарската владина делегација, предвидена е заедничка средба на двете влади.
Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија.Премиерот Христијан Мицкоски, како што информира владината прес-служба,утре ќе оствари официјална тет а тет средба со неговиот унгарски колега во премиерската вила во Охрид, а во рамки на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација.
На маргините на дводневната посета предвидена е прошетка во Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид.






