Познатата водителка и актерка Опра Винфри (63) е во врска со бизнисменот Стедман Греам (66) уште од 1986. година. Мега популарната ТВ дива не сака свадба со долгогодишниот дечко, бидејќи смета врската ќе им се распадне веднаш.

„Разговаравме за бракот и што ќе биде кога ние ќе се земеме, и заеднички став е дека во тој случај сигурно ќе ја прекинеме врската“ вели Опра.
И Стедман Греам тврди дека бракот бара поинаков поглед на светот, а нив вака им е добро. Опра Винфри не жали што нема деца, бидејќи таа смета дека нема да биде добра мајка.
„Јас немам доволно трпение за родителство“ заклучува Винфри.




