Опозицијата ќе го поддржи договорот со Бугарија ако во него има пет точки

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Антонио Милошоски како екс министер за надворешни работи преговараше со Бугарските колеги за договорот  предлага пет точки што треба да бидат вметнати во договорот за да може тој да биде прифатив за неговата партија и јавноста.



Ако се суди според неговата улога во преговорите Милошоски индиректно открива што се најспорните точки во договорот без кои Македонија не смее да го потпише

  1. Дали македонскиот народ ќе биде споменат во договорот? Ако е тоа договор на добра волја, тогаш би требало македонскиот народ да биде споменат и да стои во договорот.

2. Дали македонскиот јазик ќе биде споменат во договорот? Со тоа се става посебност на јазикот како различен од бугарскиот.

3. Дали премиерот Заев е подготвен да го потпише договорот со кој се обврзува да се грижи за Македонците надвор од државата?

4. Јасно разграничување на делот на заедничката и делот на посебноста на историите меѓу двете држави

5. Промена во асиметричните права и обврски за двете страни во договорот. Повеќе права има за бугарската страна, а повеќе ограничувања за Македонија. Договорот треба да биде со еднакви придобивки за сите страни

Според него, доколку овие препораки бидат вградени, договорот ќе биде поддржан од Коалицијата „За подобра Македонија“. Но, доколку овој нацрт-договор не биде променет, ќе остане сомнежот дека ова тајната седница во собранието било само политички маркетинг на власта.

ВМРО – ДПМНЕ не отстапува од своите позиции иако е расположена и понатаму да се консултира со владата за договорот.