„Концентрационите логори во Бугарија беа формирани со Уредбата на Министерството за внатрешни работи и народно здравје од 31 јануари 1941, која е потврдена од Министерскиот совет на 26 февруари 1941 година. Концентрационите логори во Бугарија беа именувани како ‘Селишта на државната безбедност’. Бугарските концентрациони логори од германските се разликуваа само по тоа што во нив немаше крематориуми, гасни комори и не беа вршени медицински експерименти над логорашите. Во нив беа интернирани, затворени илјадници македонски национални дејци и револуционери, меѓу кои и Методија Андонов Ченто. Некои од затворените Македонци беа и убивани.“ – објави политичката партија на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“ – ПИРИН. Оваа објава преку фејсбук се надоврзува на денешните комеморативни активности во Република Македонија во пресрет на годишнината од депортацијата на македонските Евреи. На 11 март 1943 година Евреите од Скопје, Битола и Штип биле насилно собрани и однесени во привремени кампови, како што беше Тутунскиот монопол во Скопје. Депортацијата на македонските Евреи била организирана од бугарските окупациски власти во соработка со нацистичка Германија. Овој процес бил резултат на спогодбата потпишана на 22 февруари 1943 година меѓу бугарскиот комесар за еврејски прашања, Александар Белев, и нацистичкиот претставник Теодор Данекер. По неколкудневен престој во камповите Евреите биле натоварени во возови и испратени во логорот на смртта Треблинка, каде што биле убиени во гасни комори. По Втората светска војна, бугарските власти се обидоа да ја минимизираат својата улога во Холокаустот, насочувајќи се на спасувањето на Евреите од територијата на Бугарија и игнорирајќи ја документираната депортација на македонските и тракиските Евреи. Овој пристап на селективно сеќавање и историски ревизионизам е осудуван од меѓународните историчари и еврејските заедници. Во Македонија фактите остануваат јасни – Бугарија била директно одговорна за апсењето, собирањето и предавањето на македонските Евреи во рацете на нацистите.
Порачувајќи преку фејсбук дека концентрациони логори имаше не само во фашистичка Германија, туку и на територијата на Бугарија во текот на Втората светска војна, ОМО „Илинден“ – Пирин натаму истакнува: Познати логори во Бугарија биле: Ени-Ќој, Гонда Вода, Свети Никола, Чучулигово, островот Св. Анастасија, во Хасковско (с. Тодоровци) и други. Во нив биле интернирани голем број македонски национални дејци и револуционери како: Методија Андонов Ченто, Ангел Динев, Коста Веселинов, Христо Калајџиев, Алексо Мартулков, Венко Марковски, Благој Думановски, Васил Ивановски-Бистришки, Васил Антевски-Дрен, Никола Вапцаров, Антон Попов, Атанас Романов, Никола Парапунов, Иван Козарев, Никола Калапчиев, Боге Кузмановски, Ангеле Петковски, Лазар Дрнков, Киро Баталов, Ганчо Перковски, Боро Катушев, Благој Христовски, Радослав Ѓеорѓиевски, Велко Колевски, Трајко Василевски, Душко Величковски, Ристе Цветановски, Јанко Јанаќиевски, Мирко Трајковски, Урош Караџински, Киро Андушев, Александар Велковски, Мице Димески, Гога Јаничо, Борис Петровски, Иван Радев, Христо Кљашев, Илија Мотов, Георги Величков, Тодор Матанов и уште илјадници други Македонци.
Позната е „Бабунската акција“, во која бугарскиот окупатор убил 16 Македонци, борци на одредот “Димитар Влахов”, 64 невини селани биле интернирани во логорите во Бугарија, а други 48 затворени во Скопје и Велес. Познат е податокот за Велес и велешката околија, од каде биле интернирани биле 9740 лица во логорите во Бугарија, а мал дел во затворите во Вардарскиот дел на Македонија. Истите нив ги користеа и комунистичките власти, за да затвораат во повоениот период, а во некои случаи и да убиваат затвореници.
Во 1947 година затворена е групата на Дукимов: Атанас Ангелов Ласков (10 г.), Георги Сотиров Дукимов (6 г. и 8 м.), Асен Василев Левков (3 г.), Спас Крстев Писов (2 г., 2 м. и 20 д.), Лазар Благоев Тотин (2 г., 2 м. и 20 д.), Марин Ангелов Варадев (2 г., 2 м. и 20 д.), Георги Поп Ангелов (2 г., 2 м. и 20 д.), Александар Којков (2 г., 2 м. и 20 д.), Тимнју Димитров Запрев (2 г., 2 м. и 20 д.), Јусин Мехмедов Кантарџиев (2 г.), Ангел Каратанев (1 г. и 6 м.) и Спас Шалев (6 м.).
Во 1949 биле затворени делегатите на Првото заседание на АСНОМ – претставници од Пиринска Македонија Васил Василев и Атанас Великов Атанасов, а подоцна и: Георги Китанов, Георги Мадолев, Крсто Стојчев, Асен Чиракчиев, Кирил Николов, Ефтим Георгиев, Михаил Сматракалев, Mapa Междуречка, Кирил Граменов, Радој Спасов, Стоимен Муртин, Крум Радонов, Страхил Георгиев Димитров Главчев, Крум Монев, Јордан Ангелов, Лазар Андреев, Ангел Богданов, Михаил Богданов, Ангел Божинов, Илија Бојаџиев, Илија Веселинов, Георги Гаргов, Димо Димчев, Славејко Иванов, Фердинанд Иванов, Китан Илиев, Чудомир Илиев, Стефан Камбитов, Јосиф Карајовански, Георги Ковачев, Георги Митрев, Љубен Митрев, Најден Михајлов, Стојан Палатлијски, Васил Поп Григоров, Кирил Ризов, Методи Ризов, Тодор Секулов, Кирил Солунов, Јордан Тасев, Лазар Топалски, Димитар Харизанов, Иван Чакрски, Димитар Чиков и многу други.
Во 1958 година на повеќегодишни казни биле осудени Стојан Георгиев-Томовичин, Кирил Рушкин, Борис Прегов, Ѓорги Поп-Атанасов и други. Во 1974 година биле осудени Сократ Маркилов, Пандо Илиев, Илија Кочев, Стојан Георгиев-Томовичин и др. Во седумдесеттите и осумдесеттите години биле осудени Јордан Костадинов, Стојан Герасимов и други Македонци борци за национални права. Се извинуваме на сите оние, кои ненамерно сме ги пропуштиле, не е можно да се набројат сите. Ова е само мал список на Македонци, интернирани во бугарските логори и затвори за време на Втората светска војна, а потоа и во комунистичка Бугарија. – објави политичката партија на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден“ – ПИРИН, наведувајќи ги на својот фејсбук-профил и следните хаштази:
#wearemacedoniaans (Ние сме Македонци)
#WeRememberYou (Ние ви паметиме)
#concentrationcamps in #bulgari (Концентрациони логори во Бугарија)





