Мозочниот удар е еден од најчестите смртни случаи во Македонија. За тоа се говори и на денешниот ден со кој се одбележува Светскиот ден на борба против мозочниот удар кој беше воспоставен во 2004 година.
Според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), објавени 2020 година, смртните случаи од мозочен удар во Македонија достигнале 5.521, или 24,02 отсто од вкупните смртни случаи. Тоа е еднакво на 165 на 100.000 жители.
Превенцијата и брзата интервенција се клучни за зачувување и продолжување на животот на пацинетите кои ќе доживеат мозочен удар.






