The Orpheum Theatre од Тенеси секоја година го прикажува класикот на светската кинематографија, но по жестоките реакции во следната ќе биде прекината традицијата долга 34 години. Причина за непопуларниот потег се салвата од коментари и негодувања на содржината на филмот, поточно на улогата на црномурестите актери во „Однесено од виорот“ кој во 1940 година освои десет Оскари, а еден од нив беше токму за Hattie McDaniel која стана прва црна актерката која ја добила најважната филмска статуетка.



Секако не се сите за повлекување на проекцијата, а најмногу држи објаснувањето дека филмот е ремек дело кое само ги опишува состојбите во американското општество во еден проблематичен период. Во „Однесено од виорот“ настапуваат и големи имиња на големите екрани како Клерк Гејбл, Вивиен Ли, Оливија Де Хевиленд.