Одложено рочиште: Адвокатот на Палевски отсутен од здравствени причини

Закажаното судско рочиште на кое Љупчо Палевски требаше да продолжи со давање исказ за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. нема да сеодржи откако  утрово Судот добил известување од адвокатот на Палевски, дека не е во можност да присуствува од здравствени причини.



Поради тоа, ќе се донесе решение за одлагање на расправата, а наредбите за спровод на Палевски и обвинетите Велибор Манев, Влатко Кешишев и Боре Видевски ќе бидат отповикани од судијата Ивица Стефановски. Отповикана, ќе биде и наредбата за спровод на Александар Ѓорчевски од куќен притвор. „Скопје1“ побара став од адвокатот Страшевски, но до моментот на објава на текстот – не добивме одговор.

Според досегашната динамика на судењата, расправите требаше да завршат до крајот на месец мај, а веќе во јуни да може да се донесе пресуда.