Акробатите од повеќе земји, и главно од Чешка, им ги тестираа нервите на минувачите над Стариот градски плоштад во Прага. Тие балансираа на голема височина и одеа по жица во рамките на кампањата за поддршка на дијабетичарите. Се заврши добро, а целта, привлекување и насочување кон проблемите со болеста на 21 век, е исполнета.