Одбележување 80-годишнина од ослободувањето на Скопје

Делегации од Град Скопје и од Собранието, денеска во 11 часот на партизанските гробишта во Бутел, ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на ослободителите на градот, по повод одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје.



Мицкоски: На 13.11.1944 македонскиот народ го порази фашистичкиот режим и го ослободи Скопје! – Немаше администратори, туку окупатори!

Делегација од Град Скопје и собраниската делегација, во состав: Дијана Илиевска, Славјанка Петровска и Даниела Белимова, во 11:30 часот, ќе положат свежо цвеќе и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски во Алејата на заслужните граѓани, а во 12:30 часот, пред споменикот на ослободителите на град Скопје пред Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати и на отворањето на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“ во Музејот на македонската борба за самостојност.

Меѓународниот научен собир е организиран по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ. Настанот е во организација на Институтот за национална историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Македонската академија на науките и уметноститe (МАНУ).

Свечена академија и доделување на 13-то Ноемвриската награда, ќе се одржи во 19 часот во Македонската Филхармонија.