Од утре засилени контроли – инспекцијата ќе проверува дали поевтинуваат 2.500 производи

Само еден од откако на сила стапи Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Со примената на истиот во периодот што следи треба да поевтинат 2.548 производи. Законот предвидува купувачите и добавувачите да склучат нови договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи во кои на 10% е ограничен рабатот и дополнителните трошоци односно надоместоците.



Истиот не ја регулира трговската маржа, туку ги забранува дополнителните трошоци кои добавувачите морале да ги плаќаат за нивните производи да се продаваат од купувачите.

Со законот резултати се очекуваат на подолг рок, а првите производи со намалени цени се очекуваат до крајот на октомври кога би требало да се потрошат залихите од претходните договори и ќе почнат да се продаваат производите согласно новите договори.

Казните за непочитување на овој закон се движат од 350 до 500 евра, до 20.000 евра, во зависност од големината на фирмите и трговците.

Со Законот, покрај ограничениот попуст, трговците нема да можат да наплатат дополнителни трошоци за маркетинг, застапеност и за ставање на одредени производи на полиците.