Од одмор само до Катланово: сообраќајка со многу повредени

Автобус со македонски регистарски таблички кој превезувал наши туристи кои се враќале од Грција вечерва излета од патот на автопатот Скопје – Велес. Во тек е излекување на повредените патници. Според првичните информации повредени се 27 лица. Поголем дел од нив се хоспитализирани во болниците во главниот град, а 9 се сместени во Велес.



Сообраќајката се случила вечерва околу 19 часот на автопатот Велес – Катланово, после патарината кај езерото Младост. Автобусот изгубил контрола и излетал од коловозот.

За двајца патници се говори дека се потешко повредени, а меѓу оние што се здобиле со повреди имало и деца. Сообраќајот се одвива отежнато заради увидот на полициските служби.