Од милионот за промена на името во 90-те, до грчките милиони пред “Преспанскиот”

Во времето кога се „готвеше“ Преспанскиот договор, грчките медиуми обелоденија афера за црните фондови на грчката влада за финансирање проекти во соседството, во Македонија и во Албанија  „за да постојат позитивни написи за Грција и да се лобира врз тамошните новинари или раководствата на медиумите во корист на грчките интереси“, пишува порталот МКД.мк во анализа за децениските обиди на Грција да поткупи промена на името на Република Македонија.



Во анализата насловена „Трагите на парите што водат до Преспанскиот договор“, МКД.Мк, потсетува дека претседателот Киро Глигоров во својата книга „Македонија е сè што имаме“ од 2001 година напишаkako Љубомир Фрчкоски, како министер за внатрешни работи, преку грчки посредници се обидел да го поткупи со еден милион долари ако се откаже од уставното име. Глигоров напиша дека го ислушал, но понудените пари ги одбил.

Еден ден министерот за внатрешни работи, Фрчкоски ми предложи да примам некои соработници од Службата, за да ме известат лично за нешто од нивната работа. Ги примив, а тие ми кажаа дека имале некоја средба со нивни ’колеги’ од Грција и дека тие официјално им рекле да ми пренесат лично мене, дека доколку попуштам околу името, готови се да ми префрлат, на која банка сакам во светот, милион долари“, пишуваше Глигоров.

Јас го гледам – а, бе, велам, Фрчко, зар не разбра ти онаа амфора кога ти ја вратив и часовникот, дека за таква работа, мене не ме бива…“ напиша првиот претседател на неависна Македонија.

(…)

На денот кога во македонското Собрание се гласаше за потребата за уставни измени за имплементација на Охридскиот договор, грчкиот портал „Ајефимерида“ пишуваше дека околу еден милион евра од тајните фондови на грчкото МНР биле искористени за финансирање на медиуми во Македонија и Албанија и за поддршка на православни цркви.

За конкретниот текст, тогаш реагираше и претседателот на грчкиот парламент и кабинетот на Ципрас, а според „Ефимерида тон синдактон“, обвинителството наредило истрага за објавување доверливи информации.

Подоцна, во грчкиот парламент на говорница, лидерот на партијата „Независни Грци“, Панос Каменос го обвини тогашниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас за лошо водење на тајните фондови. Остана впечатокот дека тоа обвинување било она што ја прелеало чашата и го натерало Коѕијас тогаш самиот да поднесе оставка од позицијата министер за надворешни работи.

Грчките медиуми, тогаш детално ги анализираа причините за повлекувањето на Коѕијас, а несогласувањта, како за фондовите така и за Договорот од Преспа, биле само последната капка.

Кавгата меѓу Каменос и Коѕијас имаше продолжение и во грчките судови, односно Коѕијас го тужеше Каменос за клевета за споменатите 50 милиони евра, но епилогот остана непознат за македонската, а веројатно и за грчката јавност.

Инаку, Никос Коѕијас е потписникот на Преспанскиот договор од грчка страна.

Индикативно, во тој период кога биле активни тајните фондови на грчката влада за да се „лобира врз новинари во Македонија и Албанија, или раководствата на медиумите во корист на грчките интереси’“, во Македонија, во 2017 година се појави печатен медиум, „Независен“, кој згасна во мигот кога Преспанскиот договор беше имплементиран, во 2019 година.

Тоа е веројатно последната епизода во речиси тридецениската македонска сага со „трагите на парите“ кои доведоа по Преспанскиот договор и промената на историското и уставното име на државата, што до 2019 година се нарекуваше Република Македонија.