За работни дозволи во Србија, веднаш се пријавиле 2.200 лица од Македонија и Албанија, соопшти претседателот Александар Вучиќ во врска со можностите што ги нуди иницијативата „Отворен Балкан“.
Нашите одат во Хрватска – Филипинци и Непалци ќе служат во ресторани во Охрид
Претседателот изјави дека повеќето од 2.200 лица кои се пријавиле за работа во Белград и Србија се од Македонија, додека неколку стотици српски граѓани се пријавиле за работа надвор од Србија.
„Но, приливот во Србија е многу поголем од одливот, во секој случај, најголема мака ќе имаме со работната сила, но и со популистичките движења кои ќе бараат да не работиме во недела или петок, или не осум, туку шест часа. итн“, рече Вучиќ. Б92






