Од каде знаел сопругот на членка на судскиот совет со скапа чанта кој ќе биде гонет од обвинителството

Од каде знаел сопругот на членката и екс претседател на судскиот совет Весна Дамева која има скапа чанта од неколку илјади евра кој ќе биде гонет од обвинителството пред неколку години.



Ова е едно од прашањата кои ги поставува екс новинарката Јорданка Ивановска која открива дека Младен Дамев инаку сопругот на моќната членка на Судскиот совет Весна Дамева навредувал, се заканувал и им најавувал судски прогон на повеќе луѓе кој подоцна се остварил.

,,Судиката #Весна #Дамева можеби е време да се врати во реалноста од глуматање и преглумување и да прочита со каков заканувачки речник се силеше на политички неистомисленици нејзиниот сопруг, #Младен #Дамев во 2016 и 2017, пред и по смената на власта.
🟠 Дамева, пред некој ден, пред да и` биде изгласана недоверба, обвинувала во Собранието за закани, навреди, омаловажувања, притисоци, политичко мешање….секако, без докази.
Влакно не и` фали, се шета со фризура и со чанти кои личат дека се оригинали од неколку илјади евра, но таа сака без докази да и` веруваме на нејзините чаршиски муабети.
Не одат тие ствари така.

🔴 А, што да кажат овие луѓе на фотографиите од кои некои беа или се дел од судски процеси, а нејзиниот сопруг им порачуваше дека ќе бидат ,,е*ени, че си лежат” далеку пред да бидат покренати процеси?
Од каде тоа сопругот знаел кој ќе лежи⁉️
🟪 Конкретно Илија Димовски, Богдан Илиевски, Лаки?
Дали треба да се сомневаме дека тие закани се оствариле од позиција на судска моќ на сопругата, која во време на СДСМ, во 2019, беше избрана да биде дел од Судскиот совет?

■ Патем, токму оваа Дамева уште е на своето работно место. Не си оди заедно со другите четворица и покрај изгласаната недоверба”, пишува Ивановска за брачниот пар Дамеви.

Сопругот на Дамева во моментов е дел од судски случај како управител на фирмата Скопски Пазар каде сопственик е и познатиот градежник Фатмир Етеми.

Една од судијките од апелација која одлучувала по предметот на сопругот на Дамева е поддржана и пофалена во процесот на избор за судијка во апелација токму од Дамева.

Друга судијка од советот во апелација која одлучила позитивно за предметот на сопругот на Дамева сега чека да биде избрана за друга правосудна позиција.