Еден од поранешните раководители на Државна лотарија на РСМ, Ѓорги Дамјановски, стана сопственик и управител на друштвото за автомат клубови „Сити Клуб“ Скопје, пишува Фактор.
Тој беше назначен како еден од членовите на Управниот одбор во на Државна лотарија во 2017 се до 2021, кога беше отповикан.
Дамјановски во 2017 беше изгласан за нов член на УО на државната лотарија истовремено кога беше формиран и целосно нов Надзорен одбор. Дамјановски беше избран за член на УО заедно со Христо Најденов и со Катица Николовска – Прнаркова, како претседателка, односно генерален директор.
Претходно, осум години бил во раководството во Македонија на австрискиот гигант од дејноста на игрите на среќа „Новоматик“,
Сега Дамјановски ќе управува со две подружници во Кочани, Битола и Струмица и со по една во Тетово, Охрид, Прилеп, Бразда и Турново.
„Сити Клуб“ Скопје поседува лиценца за организирање игри на среќа од Министерството за финансии издадена од 2017 година и има основна главнина од 2,5 милиони евра.





