Од денеска па до до крајот на годинава, за најголем дел од потрошувачите сметките за струја ќе бидат повисоки за 0,4 отсто.



Одлуката за минималното зголемување на цената во четвртокот ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

По носењето на одлуката, цената на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста,

во втор блок има зголемување од 0,85 проценти,

во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок од 1,88 проценти, а

евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти.