Од денес ќе се гради градинка за 120 дечиња во Кисела Вода – премиерот Мицкоски ќе присуствува на полагањето на камен-темелникот

Денеска претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување каментемелник за изградба на детска градинка во рамки на постојната ЈДГ „8 Март“ во Општина Кисела Вода. Вкупната површина на детската градинка, која ќе може да згрижува 120 дечиња, е 795 квадратни метри. Објектот опфаќа 6 занимални, од кои 2 се јасли.



Проектот е со вредност од околу 29, 6 милиони денари, односно околу 482 илјади евра, без вклучен данок на додадена вредност. Со ова се решава целосно проблемот со листите за чекање во детските градинки во Општина Кисела Вода.

Предвидено е претседателот на Владата Мицкоски да даде изјава за медиумите .