„На 19.09.2024 година во 21:55 часот во општина Аеродром, полициската единица за интервенција во СПБ Скопје го приведе Б.П. (30) од Илинден.
Осомничен е дека околу 21 часот и 30 минути во аптека во населбата Ново Лисиче, заканувајќи им се со пиштол на вработените, одзел пари од дневниот промет.
Оружјето е пронајдено и одземено, а парите се пронајдени и вратени на сопственикот.
Лицето е приведено во полициска станица, додека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.






