Недалеку од Струга, скриена од очите на туристите се наоѓа населбата Елен Камен која претставува уште една од убавините на Струга.
Туристите секогаш одат на добро познати места, дали заради удобност или посакуваат класичен одмор, не знаеме, но би требало да имате авантуристички дух и потреба да се направи нешто ново.

Ако досега отседнувавте во Струга, пробајте овој одмор да бидете во Елен Камен. За волја на вистината освен локални продавнички, нема многу избор за купување (ако сте љубители на шопингот), но градот е толку блиску така што реално немате потреба за тоа.

Ова е место каде што владее спокојот. Тука ќе почувствувате како изгледа вистински одмор без врева од автомобили и гласни кафулиња.Можете целосно да го доживеете и да го уживате пејзажот на Охридското езеро – поглед со кој ќе се будите секој ден.

Дивите и мали плажи даваат чувство на интимност, а вие добивате впечаток дека сте целосно сами.
Пробајте да веслате кајче, побарајте од локалните жители ако немате свое. Тие се секогаш расположени за дружба и веројатно ќе и излезат во пресрет на вашата желба.
Не заборавајте, ова е само уште едно од местата кои Македонија ги крие, а ваша задача е да ги најдете и да уживате во нив.





