Најголем дел од граѓаните му дале чиста единица на процесот на обнова на личните документи и патни исправи, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.



Според неа, 47,1% од анкетираните рекле дека генерално процесот на промена на документите го оценуваат со најниска можна оценка 1.

Оценка 5 овој процес добил само од 5,9% од анкетираните, а средната оценка изнесува 2.07. Според граѓаните, главен виновник за лошата организација на овој процес се надлежните институции, односно неподготвеноста на државата.

Само 20,6% рекле дека одговорноста ја гледаат во граѓаните бидејќи не аплицирале навремено за документи.

Дури 26% од анкетираните се уште не успеале да закажат термин. Околу 31% рекле дека за закажување им биле потребни неколку дена.

Околу 20% успеале да закажат термин за неколку часа а нешто над 20% за помалку од еден час(…)

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава. Сител