Врз градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими денеска напладне било пукано од автоматско оружје.
Со прострелна рана во градите е погоден неговиот возач, потврдуваат од Министерството за внатрешни раобти. Засилени полициски сили пристигнаа на влезот во Арачиново, а на местото на престрелката се врши увид.
Од Клиниката потврдуваат дека во Ургентниот центар е донесено лице од Арачиново во сериозна здравствена состојба поради прострелна рана во градите, која налага итна хируршка операција.
Градоначалникот не е повреден, а пукано било во автомобилот во кој се наоѓал, пренесе МКД.Мк.
Претходно, градоначалникот добивал закани двајца браќа поради што јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје неодамна поведе постапка.
Браќата, на возраст од 42 и 35 години, во повеќе наврати телефонски му се заканувале, а откако ги пријавил, тие преку вибер пораки продолжиле да упатуваат сериозни закани по неговиот живот.
Ибраими, и во 2022 година пријави дека физички бил нападнат од неколку лица.
Тогаш полицијата приведе три лица во врска со пријавата на градоначалникот и од МВР рекоа дека против нив ќе биде поднесена кривична пријава за кривичното дело насилство.






