Најновата преработка на рок групата Некст Тајм е предмет на обвинувања во Бугарија според кои Македонија го присвојува бугарскиот фолклор.

Дел од медиумите до источниот сосед велата дека „кражбата“ на песната „Слушам кај шумат шумите“ е стара практика која што одново создава конфликт меѓу двете земји.

Според бугарски новинари македонските музичари направиле нов современ аранжман на песната која што во Скопје се прикажува како Македонска а всушност според нив е Бугарска.
За Бугарија оваа песна во оригинал е “Кога зашумят шумите”, и таму нема историски дилеми дека таа песна посветена на Војводата Костадин кој што се борел за слободна Македонија како бугарски комита.
Бугарските медиуми тврдат дека во Македонија е променет текстот и додаден зборот Македонци за да стане „помакедонска“ иако во бугарскиот оргинал наводно не се споменувале Македонци.
Другари верни другари МАКЕДОНЦИ,
Другари верни другари МАКЕДОНЦИ,
кога низ село врвите, со коњи да не тропате, не тропате.
Кога низ село врвите, со пушки да не фрлате, не фрлате
За разлика од песната која во Македонија може да се најде во различни верзии а снимена е уште од шеесетите години на минатиот век а во Бугарија може да се најде само во верзии од пред неколку години но за соседите тоа не е никаков аргумент за да тврди дека Македонија е таа што краде.
Спотот за песната кој што беше објавен на 10 октомври за 24 часа на Јутјуб е виден над 100 илјади пати.
Најстарата верзија на песната во Бугарија што може да се најде на Јутјуб е објавена пред 8 години а е во исполнение на Костадин Гугов.
https://www.youtube.com/watch?v=slylavUaaG8
Најстарите верзии на оваа песна што можат да се најдат на Јутјуб се од од шеесетите години на 20 век а се во исполнение на Охридските Трубадури и Ансамблот Билјана од Охрид.





