Обвинети десетмина за посредување при проституција, перење пари, трговија со дрога…

Обвинение против 10 лица и едно правно лице е поднесено до Основниот кривичен суд Скопје против 10 лица и едно правно лице.по завршувањето на истражната постапка што ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во која учествуваа полициски службеници од Истражниот центар на ОЈОГОКК и од Одделот за организиран и сериозен криминал на МВР.



Седуммина обвинети како членови на злосторничко здружение сториле кривично дело Посредување во вршење проституција, од кои четворица се обвинети и за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело, а за кое дело се обвинува и правното лице.

Останатите двајца припадници на групата се обвинети за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, додека на полицискиот службеник освен злосторничко здружување му се става на товар и кривичното дело Оддавање службена тајна.

Организираната група ја создал првоосомничениот, кој ги организирал и координирал криминалните активности на другите припадници на групата која во временскиот период од 2020 година до октомври 2024 година се занимавала со посредување во вршење проституција и недозволена трговија со дрога, а дел од обвинетите ги прикривале нелегално стекнатите приходи од овие кривични дела. Членови на криминалната група биле и две службени лица – затворски полицаец и полициски службеник.

Во текот на истражната постапка, тројца од осомничените го признаа извршувањето на делата и се спогодија со обвинителството.

Врз основа на предлог спогобите на две лица за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори им се изречени затворски казни во траење од 2 години и 3 месеци и од 1 година и 8 месеци, а службеното лице е осудено на казна затвор во траење од 1 година и 8 месеци за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Оддавање службена тајна.

За осомничениот кој е недостапен на органите на прогонот постапката е прекината до негово пронаоѓање.