Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова во сообраќајната несреќа на булеварот Партизански одреди, две години му дозволувал на синот без дозвола да управува автомобил, период во кој направил дури 11 прекршоци.
Меѓу нив возење без возачка дозвола, управување под дејство на алкохол и непочитување на сообраќајните правила.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 50-годишниот Зоран Јованов кој се товари за кривично дело – предизвикување општа опасност, бидејќи во периодот од ноември 2022 до јануари 2025 година свесно му дозволувал на својот син да управува возило „пежо 207“, иако знаел дека нема возачка дозвола и дека претходно направил повеќе сообраќајни прекршоци и кривични дела.
Поради неговото непромислено однесување се случи трагичната несреќа на 29 јануари годинава, кога загина младата Фросина Кулакова.
Обвинителството смета дека таткото со своите постапки создал опасност за животот на луѓето, иако бил свесен за можните последици, пишува Плусинфо






