Поранешниот американски претседател Барак Обама го исмеа поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп за време на говорот на Националната конвенција на Демократите на која Камала Харис и официјално беше промовирана за кандидат за претседател од редовите на оваа партија.



Обама зборуваше за „чудната опсесија на Трамп од големината (на публиката)“, но неговите гестови со рацете очигледно инсинуираа големина на нешто друго, пишува Форбс.

Зборувајќи за опседнатоста на Трамп со големината, Обама ги рашири рацете, а потоа ги приближи, пред да погледне надолу и да глуми изненадување со гестот, што предизвика смеа кај публиката и ги шокираше корисниците на социјалните мрежи.

Обама наведе некои од најчестите забелешки на Трамп, вклучително и „детски прекари, луди теории на заговор“ и „оваа чудна опсесија со големината на публиката“.