Новогодишни пакетчиња со изминат рок откриле инспектори на АХВ

 

Од извршените 62 вонредни контроли, инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на магацини, маркети и продавници, на две места биле пронајдени новогодишни пакетчиња кај кои производите се со изминат рок, како и со краток рок на траење, до 12.2024 година.



Според АХВ, при контролите биле најдени и пакувања кај кои производите иако имале уреден рок на траење кај нив биле констатирани промени во бојата, изгледот или мирисот, дознава 360 степени.

Инспекторите утврдиле несоодветно означување на пакетчиња кај четири оператори, кај три вида пакетчиња е констатирано дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што е наредено нивно повлекување од промет.