Завршена е изградбата на метро станицата Крал Абдула Дистрикт (KAFC) во Ријад, која е дел од широката метро мрежа отворена минатата недела во главниот град на Саудиска Арабија.
Оваа метро-станица претставува клучна точка во мрежата која покрива над 176 километри со вкупно 85 станици и има капацитет од дури 3,6 милиони патници дневно.
Поврзанa е со локални автобуски линии, систем за паркирање и возење, како и воз со моношина што се движи преку надвозникот.
Надворешноста на станицата, покриена со бетонски панели, се карактеризира со сложена решеткаста структура со геометриски перфорации.
Архитектите пронашле инспирација во облиците што ветровите ги создаваат на песочните дини.
Покрај естетскиот впечаток, проектот беше дизајниран со акцент на енергетската ефикасност.
Користејќи стратегии за пасивно ладење и обновливи извори на енергија, станицата е прилагодена на предизвиците на топлата пустинска клима.
Оваа метро станица не е само инфраструктурен проект, туку и симбол на урбаниот развој на Ријад.
Неговото отворање доаѓа во време кога Саудиска Арабија интензивно работи на модернизација на својата инфраструктура, која вклучува проекти како островското одморалиште Синдала, првиот завршен дел од футуристичкиот регион Неом.
At #KAFD, we are committed to enhancing connectivity with our skywalks seamlessly linking the KAFD Metro Station to every corner of the district, enhancing your experience like never before. pic.twitter.com/qzs38qqiRG
— KAFD | كافد (@Kafd) November 29, 2024






