Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија. Статистика го регистрира поскапувањето. За 3,8 отсто поскапеле цените на поштенските и курирските услуги во првото тромесечје од годинава, во споредба во истиот период минатата година, објави Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од годинава, цените на услугите за транспорт и складирање се на исто ниво во однос на 2023 година. Цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат намалување од 0,1 отсто.
Цените на услугите во секторот Информации и комуникации, во одделот Телекомуникации, се намалиле за 0,7 проценти.





