Освен двата болни порази на терен од Реал Мадрид и заминувањето на Нејмар, каталонскиот гигант никако не успева да дојде до посакуваните играчи со кои би се кренал од кризата. Така составот од Камп Ноу е одбиен од Ливерпул за Фелипе Кутињо и со понуда од 125 милиони евра што, според повеќето упатени, говори дека Јирген Клоп по ниедна цена не сака да се откаже од Бразилецот, но и дека тој постигна сума која објективно е превисока за неговите квалитети.



Во меѓувреме Барселона го загуби и планираното засилување во одбраната откако Тотенхем му уплати на Ајакс рекордни за него, 40 милиони евра за Дејвинсон Санчез Мина. 21 годишниот Колумбиец сакаше да си замине од Амстердам и се чинеше дека ќе оди во Шпанија, но луѓето од Барса задоцнија, па талентираниот стопер оди во Лондон. Ајакс е задоволен зошто го донесе Санчез за само 4 милиони евра.