Само ден по грозоморното убиство на 14 луѓе во Барселона, нови напади во Германија и Финска за кои, иако постои видлива разлика и се уште нема никаква потврда дека се поврзани со исламскиот тероризам, повеќето медиуми на континентот ги ставаат во истиот контекст.
Финската полиција соопшти дека најмалку две лица се загинати, а шест други повредени откако денеска биле прободени со нож во градот Турку. Се уште не е јасно дали нападот во близина на плоштадот „Путори“ е поврзан со тероризам или е поттикнат од други мотиви.

Два часа подоцна еден човек е убиен, а уште еден е повреден во напад со нож во германскиот град Вупертал. Полицијата е во потрага по напаѓачот, а полициските специјални единици се на местото на настанот.

Нападот се случил во фризерски салон. Убиениот е маж на возраст од 31 година, а другото лице кое е повредено е на возраст од 25 години.





