Нови бетонски „чудовишта“ ќе никнат кај Воена болница

Конзерваторскиот центар денеска ќе го поништи позитивното мислење за изградба на зградата сред болничкиот комплекс кај Воена болница. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска кажа дека го добиле извештајот од работната група кој покажува дека позитивното мислење потпишано од ексдиректорот Константин Димитровски е спротивно на Законот за заштита на културно наследство.



  • Во него стои дека тоа издадено конзерваторско решение не е согласно правилникот кој што е постоечки по Закон за заштита на културно наследство и сега го враќаме назад кај првостепениот орган од кој очекуваме уште денеска да го поништи. Не е точно дека процесот се одолговлекуваше. Управата за заштита на културно наследство требаше да изврши надзор во Градскиот конзерваторски центар, но тие не постапуваа“, рече Костадиновска-Стојчевска.

На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК дали сега градбата ќе биде стопирана министерката одговори дека тие нивната работа си ја завршиле, а за понатаму има други институции кои треба да преземат мерки. Градежната дозволата за изградба на 17-катницата е издадена на 18 јануари, а станала правосилна на 1 февруари. Инвеститорот „ЗСФ Ком“ го огради проекторот и веќе се спрема за градба.

  • ДИРЕКТОРОТ НА КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР КОЈ Е ВО ПРИТВОР ЗА УРИВАЊЕ НА ХОТЕЛОТ „ШАР“, ДАДЕ ДОЗВОЛА И ЗА 17-КАТНИЦАТА ВО ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ КАЈ ВОЕНА БОЛНИЦА.
  • СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ ЈА ПОТПИША ДОЗВОЛАТА ЗА ГРАДБА НА СПОРНАТА 17-КАТНИЦА СРЕДЕ БОЛНИЧКИОТ КОМПЛЕКС НА ВОЕНА БОЛНИЦА, ФИРМАТА „ЗСФ КОМ“ ПОЧНУВА ДА ГРАДИ.
  • СЕ СПРЕМА ГРАДИЛИШТЕТО ЗА СПОРНАТА 17-КАТНИЦА ЗА 2.000 ЖИТЕЛИ СРЕДЕ БОЛНИЧКИОТ КОМПЛЕКС НА ВОЕНА БОЛНИЦА ВО СКОПСКИ КАРПОШ

Парцелата каде ќе никне зградата се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола од Општина Карпош, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар.

Во соседството на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје не смее да има големи и високи објекти оти станува збор за болнички комплекс и нема да може да слетуваат хеликоптери. На просторот кај поранешна Воена болница има простор за слетување на воздухоплови во итни медицински случаи, и ако се изгради планираната зграда на 17 ката која е во непосредна близина на болницата, тие нема да може безбедно да слетуваат и полетуваат. Воена болница, меѓу другото, е одредена како Единица за прва реакција за НАТО силите во Косово и со оглед на тоа што во кругот на болницата има терен за итни медицински случаи, а во кругот е и поранешниот Воено-медицински центар што сега го користи Министерството за одбрана.

Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ Ком ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“.

Деталениот урбанистички план за Градска четврт 3 05 е донесен во 2013, во претходниот мандат на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Во него на две катастарски парцели е вцртана една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2 – домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје и висина од 88 метри.