Во своето прво интервју по неодамнешниот избор за нова заменик-претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска изненади со признанието дека не познава никого во новите раководни органи на партијата.



„Искрено да ви кажам, освен еден-двајца, претседателот Филипче и потпретседателката Чупеска, ниту еден од новото раководство и од Извршниот одбор не познавам и затоа не можам да коментирам дали и какви релации имаат со некој од претходните претседатели на СДСМ“, одговори таа во „Клик плус“ на ТВ 21 на прашањето дали има луѓе во високите позиции на партијата поврзани со поранешниот претседател Зоран Заев.