Новаковски: Судиите не се поставени на вистинските места

Судиите не се соодветно распоредени во судскиот систем, оценува правниот аналитичар и поранешен претседател на ДИК од редовите на СДСМ Александар Новаковски.



Во емисија „Клик плус“ тој порача дека реформите, а со тоа и соодветната распределба треба да ја прави Судскиот совет.

– Судиите кои во моментов се во судскиот систем не се поставени на вистинските места, а Судскиот совет треба да ги започне реформите и да го регулира овој проблем. Советот ако не успее да прибави сертификат не треба ни да биде во советот. Проблемот со сертификатите се гледа и меѓу пратениците. Има такви без безбедносен сертификат а добиваат на дневно ниво еден куп доверливи информации, нагласи Новаковски.