Новак Ѓоковиќ беше удрен во глава од шише кое „долетало“ од трибините, додека даваше автограми по триумфот во второто коло на Мастерсот во Рим.



По мечот, српскиот тенисер се приближи до трибините со навивачите за да даде автограми кога од височина го удри алуминиумско шише со вода.

Новак се фати за глава, со болна гримаса клекна, цело време држејќи се за болното место.

Според првите информации, не се работи за „напад“ туку за ненамерен инцидент – шишето испаднало од ранецот на момче кое барало автограм од српскиот тенисер.

По укажаната помош се огласи Ѓоковиќ:

„Ви благодариме за пораките. Ова беше несреќен случај и добро сум, се одмарам во хотел со ледена обвивка. Се гледаме во недела“, напиша Ѓоковиќ.