Нова влада или нови избори во Србија?

По вчерашната оставка на премиерот Милош Вучевиќ во рок од 10 дена треба да се донесе одлука дали во Србија ќе се формира нова влада или ќе се одржат нови избори.
Ова вчера во вонредно обраќање го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесе N1.



„Оставката на премиерот мора да ја потврди парламентот. Откако ќе биде потврдена, има рок од 30 дена за избор на нова влада. Доколку дотогаш не се избере, ќе се распишат избори“, рече тој.

„Оставката на премиерот мора да ја потврди парламентот. Откако ќе биде потврдена, има рок од 30 дена за избор на нова влада. Доколку дотогаш не се избере, ќе се распишат избори“, рече тој.

Според него, должност на претседателот е да го започне процесот за формирање нова влада. Нема да избегнувам консултации, иако знам дека ќе добивам само навреди.

Треба да разговараме дали да продолжиме со формирање нова влада или да одржиме избори.

Лидерот на владејачката Српска напредна партија и премиер во заминување Милош Вучевиќ веќе започна разговори со лидерот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, кој изјави дека не поддржува нови избори.

Ќе ги продолжиме разговорите со другите“, рече Вучиќ во вонредносто „обраќање до нацијата“.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ вчера поднесе оставка, велејќи дека чувствува одговорност за нападот врз студентите во Нови Сад.

Премиерот на Србија поднесе оставка