По скратена постапка пратенициуте на денешната седница го продолжија рокот за финиширање на работите на автопатот Кичево-Охрид до 31.12.2026 година.



Според надзорот и ФИДИК експертот утврдија дека се релаизрани 83,84 проценти од проектот поради што беше побарано продолжување.

Причините за пролонгирање на работите се поради појавата на 13 нови свлечишта што бара дополнително проектирање и нови технички решенија, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, за што нема да има дополнителни финансиски импликации.

Ова беше шесо продолжување на рокот за завршување на автопатот, што почна да се гради во февруари 2014 година и достигна цена од 598 милиони евра.