Голем скандал со следење милиони луѓе преку најмалку 13,000 апликации на мобилни телефони, пишува профилот QSpirovski кој важи за експерт за оваа област на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.

Скандалот е откриен откако била хакирана фирмата Gravy Analytics која продава геолокациски податоци на фирми и државни служби.

Целиот пост на Спировски:
Сите сме афектирани
Прочитајте, споделете, предупредете! 🧵
Хакирањето на Gravy Analytics откри огромен механизам за собирање локации на милиони луѓе.
За следење се употребени илјадници популарни мобилни апликации, вклучувајќи апликации како:
– Tinder
– Candy Crush
– AccuWeather и буквално 13,000 други.
Наместо вградување код за следење во апликациите, компанијата собирала податоци за локацијата на корисниците преку “bid stream” системот на рекламната индустрија.
Ова е систем за аукции во реално време што се случува секогаш кога се прикажуваат реклами во апликациите.
При правењето “понуда” за рекламно место, апликацијата и самиот bid stream систем споделува многу информации со рекламните агенции, како:
– локација
– детали за уредот
– навики на сурфање и друго.
Ова се случува во милисекунди, милиони пати во денот за приказ на реклами.
Овој метод на следење значи дека ниту програмерите на апликациите, ниту корисниците не се свесни дека нивните податоци за локација се собираат и потоа се продаваат на комерцијални клиенти и државни служби по светот.
Приватноста никаде не е испочитувана. Поздрав Европо!
Од украдените информации аналитичари потврдуваат дека со филтер по Advertising ID кој е уникатен по мобилен можат да видат:
– движење на индивидуа,
– каде некој работи
– каде се движи
– кои му се навиките
И без име и презиме име, лесно се идентификува било кој.
Имаме листа на мобилни апликации од кои собирале податоци, но таа не помага многу.
Кој сака да чита, линкот ќе биде во tweet после последната порака на оваа нишка.
Листата не е важна – не можете да знаете точно која апликација ќе биде злоупотребена преку bid stream.
Најдобар начин да се заштитите е да форсирате анонимни реклами и експлицитно да забраните геолокациски податоци на апликациите и селективно да ги дозволите само на апликации за кои вие сте доволно сигурни дека се во ред.
Инструкции за овие сетинзи подолу 👇
Најпрво онеспособете го мобилниот да има уникатен Advertising ID по кој може некој да ве филтрира.
На Android: Settings > Privacy > Ads > Delete advertising ID
На iOS: Settings > Privacy & Security > Tracking > Allow Apps to Request To Track
Потоа контролирајте кои апликации и кога имаат пристап до геолокациски сервиси, колку прецизно и дали кога се активни, постојано или да прашаат.
На Android: Settings > Location > App location permissions
Изберете кои апликации можат да користат геолокација и кога.
На iOS: Settings > Privacy & Security > Location Services. Потоа изберете кои локации кога можат да користат геолокација
На iOS колку прецизно сакате апликациите да ја знаат вашата локација – Прецизна локација, Приближна локација и кога да имаат пристап до геолокација
Сликите се превземени од @fs0c131y






